(Не)очекувано – Надал се повлече од Индијан Велс

Денес во Индијан Велс стартува првиот Мастерс оваа сезона. Од турнирот пред неговиот почеток се повлече Рафаел Надал.

Шпанскиот тенисер сфати дека сѐ уште не е подготвен за толку тежок турнир како Индијан Велс, па реши да се повлече.

„Со голема тага морам да се повлечам од овој фантастичен турнир“, напиша Надал на социјалните мрежи. „Сите знаат колку го сакам ова место и колку сакам да се натпреварувам овде во Индијан Велс. Затоа дојдов во пустината толку рано да тренирам и да се обидам да бидам подготвен. Тренирав напорно и сите знаете дека направив проба минатиот викенд, но не се чувствувам подготвен да играм на моето максимално ниво на ваков важен турнир“.

Надал во неделата учествуваше на егзибицијата во Лас Вегас каде по квалитетна игра беше поразен од Карлос Алкарас во супер тај-брејк кој се играше наместо третиот сет. Спаси дури пет сет топки. Изгледаше дека е подготвен да се врати на теренот, но само три дена подоцна дозна дека не е.

Местото на Надал во главната жрепка го зазеде Индиецот Самит Нагал, а прв противник му е Милош Раониќ.

Рафа не ги откри натамошните планови, но може да се претпостави дека ќе се подготвува за сезоната на земјена подлога која започнува во април. Мастерсот во Мајами, кој се игра по Индијан Велс, секако не беше во неговите планови.

Надал годинава одигра само еден турнир и тоа во Бризбејн, каде по две убедливи победи во четвртфиналето беше поразен од Австралиецот Џордан Томпсон по тричасовен маратон. Потоа го откажа учеството на Австралија опен, а три недели подоцна се полече и од турнирот во Доха.

Пред да дојде во Бризбејн, Надал немаше играно 11 месеци, од минатогодишниот Грен слем во Мелбурн. Следната станица веројатно би требало да му биде Мастерсот во Монте Карло, кој започнува на 7 април.

реклама

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе