Netflix го објави морничавиот трејлер за филмот „Cadaver“
Netflix го објави морничавиот трејлер за хорор филмот „Cadaver“.
По нуклеарната катастрофа, изгладнето семејство наоѓа надеж во харизматичен сопственик на хотел. Привлечени од можноста за бесплатна вечера, тие откриваат дека забавата во вечерните часови ги замаглува границите помеѓу изведбата и реалноста.
Што се случува понатаму во филмот ќе откриеме на 31 октомври кога е најавена и премиерата на филмот.