Netflix објави интересен трејлер за новата серија „Biohackers“
Ако завршивте со гледањето на серијата „Dark“ и барате нов, европски научно-фантастичен трилер за гледање, тогаш изгледа ќе ви се исполни желбата.
Netflix објави трејлер за нова, германска серија во која дејството се одвива околу Миа, студентка по медицина која изгледа како и секоја друга девојка, сака забави и да се дружи. Но, од трејлерот дознаваме дека Миа крие тајна која ја прави поинаква од останатите.
Во моментов не се познати многу детали за оваа серија, но трејлерот секако привлекува внимание.