Една од најпопуларните и успешни серии на Netflix, „Squid Game“, ќе добие втора сезона.
„Netflix официјално почна со снимање на втората сезона на Squid Game“, откри Тед Сарандос, еден од извршените директори.
Сарандос ја сподели веста кога беше запрашан за иднината на корејската серија. Потврда за новата сезона доаѓа откако Netflix ја прогласи „Squid Game“ за најголема и најпопуларна оригинална серија досега.
Од Netflix минатата есен открија дека во првите 28 дена од прикажувањето серијата достигнала 111 милиони обожаватели. Во ноември Netflix откри дека „Squid Game“ има 1,65 милијарди часови гледање во првите четири недели, двојно од нивната хит серија „Bridgerton“.
Режисерот Хванг Донг Хјук уште минатата година изјави дека работи на планот за втора сезона.
„Да, мислам дека по повој голем успех мора да направиме нешто во врска со втората сезона“, изјави Хванг и призна дека не е баш сигурен кога ќе биде прикажана. „Постојат големи очекувања од втората сезона. Поради толку голем успех од првата сезона, чувствувам дека се изградија многу очекувања, па ќе биде тешко да ги исполниме“, смета тој.