Австралискиот тенисер Ник Кирјос се повлече од УС ипен, па годинава ќе остане без ниту еден меч на грен слем турнирите.
Финалистот на минатогодишниот Вимблдон цела година се мачеше со повреди и сезонава успеа да одигра само еден натпревар.
Тој во јануари го пропушти домашниот грен слем турнир во Мелбурн поради повреда на коленото, која мораше да се реши хируршки. Потоа ја пропушти целата сезона на земјена подлога за да се подготви за настапите на трева.
Сепак, одигра само еден меч во Штутгарт, каде загуби од Кинезот Ву Јибин. Потоа се повлече од Вимблдон поради повреда на зглобот, а сега најави повлекување и од УС опен, кој започнува на 28 август.