Валентин Кастелјанос синоќа го „растури“ Реал Мадрид.
Џирона во 31. коло во Ла Лига, го победи Реал со 4:2. Головите за Џирона ги постигна 29-годишниот Аргентинец.
Кастелјанос, кој според Transfermarkt вреди 10 милиони евра, на овој начин испиша историјата на Ла Лига.
Тој е првиот играч по 76 години што успеал да постигне четири гола против Реал во натпревар во Ла Лига.
Инаку во Шпанија, против Реал четири гола постигнал и Диего Милито, како играч на Сарагоса во Куп натпревар одигран на 8.февруари 2006 година.
Покрај Кастелјанос и Диего Милито, во историјата четири гола против „кралскиот клуб“ постигнале Хосеп Самитиер (Барселона), Еулогио Мартинез (Барселона) и Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд).
Инаку, до мечот со Реал, аргентинскиот напаѓач на Џирона оваа сезона одигра 28 првенствени натпревари за својот тим и на нив постигна седум гола.