Јужнокорејскиот произведувач на автомобили KIA, го претстави концептот за електричниот кросовер на иднината.
Концептот за електричниот автомобил под назив Futuron се одликува со дизајнот кој е инспириран од НЛО, а го опишува како спортски автомобил SUV, пренесува KIA.
Автомобилот има иста должина како BMW X5 но, е висок како MINI Countryman. Има клиренс вообичаен за SUV возилата, додека издолжената каросерија наликува на седан или купе.
На предниот дел доминира решетката на KIA која се нарекува „нос на тигарот“, која дополнително го зголемува чувството дека автомобилот е широк, вклучувајќи ја LED светлосната трака со повеќе LED единици за предните светла.
KIA соопшти дека Futuron го придвижуваат четири електрични мотори, по еден за секое тркало, а вози брзо како молња.
Освен информацијата дека го напојува батерија со висок капацитет, KIA не открива подетални спецификации.
Предните седишта можат да се трансформираат во фотелји, а воланот се вовлекува во контролната табла. Со тоа возачот ќе има поголем комфор доколку сака да направи пауза кога патува на долга релација.