Нов Disney филм: Објавен првиот трејлер за „A Wrinkle In Time“
Објавен е првиот трејлер за „A Wrinkle In Time“, новиот филм на Disney. Премиерата е закажана за 6 април 2018 година.
Станува збор за истоимената адаптација на книга од Меделин Л’Ингл од 1963 година. Во главните улоги се појавуваат Опра Винфри, Крис Пајн, Рис Витерспуп, Минди Колинг и други.