СЕРИЈА А 2019/20

Нов кикс на Интер, го загуби 3. место

На гостувањето во Верона тимот на Антонио Конте ремизираше 2:2 со што ѝ дозволи на Аталанта да го преземе третото место.

Дека Интер повторно ќе се мачи најави самиот почеток на натпреварот бидејќи во тек беше само 2. минута кога Дарко Лазовиќ се прошета по левата страна, лесно го надмудри Милан Шкринијар и го совлада лошо поставениот Самир Хандановиќ.

Интер се мачеше во првиот дел, едвај доаѓаше до домашниот гол за разлика од Верона која пропушташе шанси за зголемување на водството. Мигел Велозу ја погоди стативата, додека ударот на Федерико Димарко за милиметри заврши покрај стативата.

По паузата Интер тргна поагресивно и уште во 49. минута Антонио Кандрева го израмни резултатот откако одбиената топка од стативата по ударот на Ромелу Лукаку дојде директно до него.

Набрзо потоа, во 55. минута Кандрева сакаше да нафрли, топката го погоди Димарко во градите, кој се обиде да блокира, и заврши во домашната мрежа измамувајќи го одличниот Марко Силвестри.

Кога сите помислија дека Интер ќе ја однесе победата, на 4 минути пред крајот Амир Рахмани одлично му сервираше на капитенот Велозу кој со прецизен удар ги постави конечните 2:2.

Remote video URL

Со комплетирањето на 31. коло Интер сега падна на 4. место со 65 бодови, еден помалку од Аталанта која се искачи на 3. место. Верона го дели 8. место со Сасуоло, двата имаат по 43 бода.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе