Нов трејлер за „Goosebumps 2“
Филмската екранизација на книгите на Р.Л. Стајн – „Goosebumps“ од 2015 година можеби не ги исплаши гледачите како што беше замислено, но затоа филмот ветуваше многу и беше одлично прифатен од критичарите и публиката. Сега, пристигна трејлер за неговото продолжение, „Goosebumps 2“.
Како и неговиот претходник, „Goosebumps 2“ не се фокусира премногу на хорор елементите, туку наместо тоа е исполнет со акција и возбудливи моменти кои сигурно ќе ви го задржат вниманието.