Нов трејлер за „The Incredibles 2“
Еден од најочекуваните филмови за оваа година доби нов трејлер за време на Зимските олимписки игри. „The Incredibles 2“ е продолжение на истоимениот хит од 2004 година, а оттогаш голем дел од публиката беше нетрпелива за продолжение на овој анимиран филм со суперхерои.
Режисерот на „The Incredibles 2“ е истиот од првиот дел, Бред Брд, а тој најави дека од филмот може да се очекува хумор кој е препознатлив за сите анимирани филмови на студиото Pixar.
„The Incredibles 2“ ќе се појави во киносалите на 15 јуни 2018 година.