Нов трејлер за „Man in The High Castle“
Првата оригинална хит-серија на Amazon добива и трета сезона, а според нејзиниот трејлер нѐ очекуваат напнати и тензични епизоди. „Man in The High Castle“ стана популарна поради отворениот пристап кон нацистите во иднината, а секоја наредна епизода привлекува повеќе и повеќе љубители на серијата.
Во главните улоги се враќаат Џон Ханс Тестер (Др. Менгеле) и Мајкл Гастон (Марк Семпсон), додека нив ќе им се приклучи и Џејсон О’Мара во улогата на Вајат Прајс.
Беше потврдено дека премиерата на третата сезона ќе се случи на 5 октомври 2018 година, додека во меѓувреме серијата беше обновена и за четврта сезона.