Новата серија на Netflix од 165 милиони долари ги воодушеви критичарите: Вистинско ремек дело

Новата серија на Netflix „The Sandman“ чинеше неверојатни 165 милиони долари, а критичарите ја сметаат за вистинско ремек дело.

Во „The Sandman“ се појавуваат Том Стариџ како Сонот, Гвендолин Кристи како Луцифер, Кирби Хауел-Баптист како Смртта, Џена Колман како Јохана Константин, а Марк Хамил е гласот на Мерв Пампкинхед.

Во својата рецензија, критичарката на IGN, Амелија Ембервинг напиша дека, освен една мала замерка, серијата е вистинско ремек дело.

„Работата на адаптацијата е да го почитува изворниот материјал додека ги воведува новите фанови со нешто што, се надевамe, ќе им се допадне, и не знам колку е добредојдена серијата за новите гледачи кога станува збор за тоа колку брзо прескокнува од една во друга приказна. Во таа, многу специфична смисла, серијата можеби нема да си ја заврши работата, што ме спречува да ѝ дадам 10/10 и покрај фактот што, настрана од тој многу мала замерка, The Sandman е ремек дело“, истакна таа.

Критичарот Ричард Њуби од списанието Empire се надева дека серијата ќе има повеќе сезони, бидејќи смета дека тоа го заслужува.

„Со своето внимание кон изворниот материјал, импресивната актерска екипа и видот на експанзивна градба на светот што сигурно бара повеќе сезони, The Sandman е она од кое се направени соништата“, истакна тој.

Иако критичарите не се согласуваат за степенот до кој серијата е успешна адаптација на изворниот материјал, тие се согласуваат дека вреди да се гледа.

„За неколку минути ќе извикате ‘Изложете ја во Лувр’, за да ве дочека нешто уште поубаво и не ви зарипне гласот до втората епизода не. Но сепак ќе сакате да продолжите да гледате затоа што The Sandman има лукава вештина за завршување на секоја епизода со нешто што ќе ве привлече повеќе, дури и ако некои од тие претходни делови оставаат впечаток дека се посамостојни“, рече Дејвид Опи, критичар за Digital Spy.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе