Новиот Intel Raptor Lake процесор ја пробива границата од 6 гигахерци

Кон крајот на месецов стигнуваат новите Ryzen процесори од Црвениот тим, а како по обичај ни конкуренцијата не мирува, така што официјалните лица од компанијата Intel објавија неколку збора за претстојниот Raptor Lake процесор, кој во продажба ширум светот ќе излезе во октомври. Датумот не е прецизиран, ниту пак цената (секако, очекуваме поскапување), па ни останува да видиме за какви технички подобрувања станува збор.

Како што информираат од Intel, планот за оваа серија процесори од средна класа бил направен уште пред две години, кога и станало јасно дека роковите за Meteor Lake ќе бидат поместени (веројатно за 2023 година). Raptor Lake ја продолжува хибридната конструкција на својот претходник Alder (комбинација на јадра за перформанси и ефикасност), со тоа што постоечкото Golden Cove P јадро е заменето со ново, чиешто име е Raptor Cove.

Процесорите се направени во новиот Intel 7 производен процес (транзисторите кај стариот, и покрај номенклатурата, имаа 10 нанометри, а сега наводно тоа не е случај).

Ова е во кратки црти што треба да очекуваме:

  • до 24 физички и 32 логички јадра;
  • двојно повеќе Е јадра во поедини модели;
  • до 41% подобри перформанси за време на Multi Core операциите во однос на Alder;
  • до 15% подобри перформанси кај Single Core дисциплината во однос на Alder;
  • повеќе кеш меморија;
  • употребливост на сегашните LGA 1700 приклучоци (Z790, H770, B760 плочи);
  • потрошувачка на струја од 125 до 253 вати, но во Extreme Performance режимот може да троши и до 350 вати;
  • максимална фреквенција до 6,0 гигахерци, додека оверклокингот овозможува рушење на рекордот од 8,0 гигахерци.

Последната ставка не е грешка. Intel тврди дека најсилниот модел ќе биде прв процесор за широките народни маси кој ќе може да оствари толкав работен век. За кој модел конкретно се работи не е потврдено, но според името на flagship серијата претпоставките велат дека во прашање е i9-13900KS. Тој без S на крајот го красат 24 физички и 32 логички јадра (8 P и 16 E), со основна фреквенција од 3,0, тоа за буст за едно јадро од 5,8, додека бустот кај сите јадра изнесува 5,5 гигахерци. Како што може да се види од оваа најава, потребата за водено ладење од година во година е сѐ посилна, што на многумина корисници нема да им се допадне.

Варијации и ревизија на моделот ќе бидат многу (како и секогаш), веројатно 16. Секоја ќе има по една од трите ознаки - H0 (резервирана за i3), C0 (i5) и B0 (сите останати). H и C подразбираат слични силициумски структури како кај Alder Lake, а B0 повеќе кеш меморија.

За да се избегне конфузија во наведувањето на апсолутно секој модел, издвоивме седум кои добро го илустрираат распонот на можности помеѓу категориите:

Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

Хардвер

Бирајќи го идеалниот Bluetooth звучник: 6 работи на кои треба да се внимава

Read more

Дали знаете дека USB стикот има рок на траење?

Read more

Откриени спецификациите на Pixel Tablet на Google

Read more

Митови и вистини за полнењето батерија на смартфонот

Read more
 

Гик

Дали знаете како да си ја зачувате приватноста на сите ваши апликации?

Читај повеќе

Кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Читај повеќе

Honda претстави авион со луксузна кабина и систем за автоматско слетување

Читај повеќе

Запознајте го најопасниот USB кабел

Читај повеќе

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Читај повеќе

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Читај повеќе

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Читај повеќе