Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед ги промени сите терени во тренинг-центарот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска ги започнуваат подготовките за новата сезона, а менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг, веќе пристигнал во Манчестер и ги дал првите и конкретни упатства во клупскиот тренинг-центар.

Англиските медиуми пишуваат дека Тен Хаг меѓу другото дал конкретни инструкции во однос на тревната површина во клупскиот тренинг-центар и од персоналот побарал да ја скрати тревата на сите терени на точно 15 милиметри.

Понатаму се наведува дека овој стручњак верува дека таквата трева ќе им помогне на играчите да ја подобрат вештината на додавање, како и да ја забрзаат играта. Претходно тој најави дека многу ќе се фокусира на вежбите со топка, како и на физичката подготвеност на играчите.

Иако навивачите на „Црвените ѓаволи“ го поддржуваат Тен Хаг и првите идеи што ги донесе во клубот, тие се крајно незадоволни бидејќи раководството сè уште нема комплетирано ниту едно засилување, а јасно е дека им требаат минимум четири или пет докажани засилувања за да се вратат во борба за место во Лигата на шампионите.

Реално, тешко е да се зборува за шампионски амбиции, особено ако се знае дека Манчестер Сити и Ливерпул следната сезона ќе бидат уште посилни, а сигурно е дека Челси, Тотенхем, па дури и Арсенал дополнително ќе ја подобрат својата игра и квалитетот на настапите.

Медиумите шпекулираат дека Кристијано Роналдо би можел да го напушти Манчестер Јунајтед поради таквиот став на лидерот, но сигурно е дека ситуацијата значително би се променила доколку „Црвените ѓаволи“ успеат да го комплетираат трансферот на Френки де Јонг од Барселона, особено во време кога „разликата“ во бараната цена е само 10 милиони.

Неговото доаѓање, од друга страна, би покажало една комплетна друга страна на Манчестер Јунајтед.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе