Новиот претседател на Јувентус наследи загуби од над 200 милиони евра

Џанлука Фереро (60) официјално беше назначен за нов претседател на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус, откако Андреа Ањели поднесе оставка на крајот на ноември минатата година.

Целиот Управен одбор на Јувентус, вклучително и претседателот Ањели и потпретседателот Павел Недвед, поднесоа оставки во тоа време поради наводите за измама во сметководството.

Фереро беше кандидатот на Exor, холдинг-компанијата на семејството Ањели, која контролира 63,8 отсто од акциите на најуспешниот италијански клуб со 36 титули во Серија А.

На генералното собрание утринава, акционерите избраа нов одбор на директори на функција до 2025 година, кој потоа го назначи Фереро за претседател и Маурицио Сканавино за извршен директор.

URL

Новите раководни челници ќе имаат задача да ја подобрат спортската состојба на „Старата дама“, но пред сè загрижувачката финансиска состојба.

Клубот забележа загуби од повеќе од 200 милиони евра, а е на мета и на италијанското правосудство поради можни финансиски неправилности и лажно сметководство.

Јувентус моментално е на третото место во Серија А со 37 бодови, односно 10 помалку од водечкиот Наполи.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе