Ново оружје против КОВИД: Прочистувач на воздух што убива 99% од вирусите

МИА/КАЈГАНА
/ 23.02.2021 / 10:58

Естонската технолошка компанија Respiray промовираше преносен прочистувач на воздухот, за кој тврди дека убива над 99 проценти од вирусите и бактериите со помош на ултравиолетова светлина.

Преносниот прочистувач на воздух е развиен во соработка со универзитети од Естонија и од Полска, а поддржан е од естонското Министерство за образование, кое планира да го дистрибуира до училиштата.

Индрек Реиманд од естонското Министерство за образование наведе дека преносниот прочистувач на воздух е дополнителен елемент во борбата против COVID-19 покрај вакцините, лековите и мерките за дистанцирање.

„Нема волшебно стапче против вирусот, но комбинација од неколку фактори може да помогне во борбата против пандемијата“, истакна Реиманд.

Апаратот се темели на познатите својства на дезинфекција на УВ-светлината и термодинамиката на дишењето, каде најголемиот дел од вдишаниот воздух доаѓа од протокот на воздух што се издига од површината на телото.

Преносниот прочистувач на воздух се состои од пластична кутија што се носи околу вратот. Се напојува од батерија која трае околу осум часа.

Воздухот прво поминува низ филтер, кој отстранува прашина и поголеми честички, а потоа тече низ UV-C LED модул. Откако модулот ќе ги убие вируси и бактерии, воздухот стигнува до лицето на корисникот.

Компанијата соопшти дека на полскиот Универзитет во Лоѓ докажа дека апаратот убива 99 проценти од бактериите Е.коли и С.ауреус, додека истражувањето спроведено од естонскиот Универзитет во Тарту покажа дека уништува 99,4 отсто од алфавирусот. Алфавирусите се слични по големина и структура на SARS-CoV-2, кој предизвикува COVID-19.

Малопродажната цена на преносниот прочистувач на воздух е 279 евра, а испораките треба да почнат во март.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе