О2 Иницијатива: Скопје заостанува две децении од современа, чиста, функционална метропола

Се усвои буџетот на град Скопје за 2023 година и тој ќе изнесува 6,4 милиони евра за функцијата заштита на животната средина. Доколку ги земеме предвид сите предизвици со кои се соочува Скопје со загадувањето и заштитата на животната средина и природата, планираните средства за овие области, за 2023 година не се доволни, истакнаа од О2 Иницијатива.

Според анализата која О2 Иницијатива ја направи на буџетите од 2014 до последниов предлог за 2023 по однос на функцијата заштита на животна средина, најголем реализиран буџет за заштита на животна средина имало во 2020 - 9,67 милиони евра, потоа во 2021 - 8,96 милиони евра, па во 2019 - 8,44 милиони евра, за време на градоначелствувањето на Петре Шилегов.

Најмали буџети се во 2014 - 2,77 милиони евра и 2015 - 2,77 милиони евра, кога градончалник бил Коце Трајановски, и последниот реализиран буџет за 2022, до 30.09.2022 - 2,45 милиони евра, со Данела Арсовска како градоначалничка.

Од О2 Иницијатива наведоа дека ќе ја следат финалната реализација за 2022 година, за која планираниот буџет беше 5,58 милиони евра.

Во буџетот за заштита на животна средина влегуваат: Одржување и користење на паркови и зеленило и капитални трошоци за нив, посебно заштита на животната средина и природа со капитални расходи, изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води и јавна чистота со капитални трошоци.

– Нашата анализа јасно покажува дека најмногу средства се вложени во паркови и зеленило, капитални трошоци. Во периодот од 2014-2017 на второ место е одведување и пречистувањето на отпадни води, во 2019 и до 30 септември 2022 тоа е јавната чистота, а во 2018, 2020, 2021 и планираниот за 2023, тоа е посебно заштитата на животната средина и природа. Анализата покажува многу формални испитувања, анализи, програми и елаборати, но многу мала реализација на терен, посочија од О2 Иницијатива.

Оттаму посочија дека се градат фекални канализации, но пречистителна станица за Скопје сè уште нема, не е јасно во која фаза од процесот е заглавена.

– Нема ниту една педа помрднување кон интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Скопскиот регион. На ниво сме на поставување контејнери и собирање на ѓубрето, во постојана борба со дивите депонии, тоа е дострелот. Селекција, рециклирање се речиси непостоечки. Дрисла е само една голема старомодна депонија од минатиот век, која не е ни приближно она што треба да биде во денешно време во кое сите одговорни градови се стремат кон нула отпад, потенцираа од Иницијативата.

Оттаму додадоа дека се утврдува загаденоста со тешки метали во зеленчукот и овошјето, но не се прочистува загадената почва, како и дека се утврдува загаденоста на реките и на подземните води, но не се прочистуваат и не се решаваат нелегалните испусти во нив. Изворите на вода не се соодветно заштитени.

– Заштитените подрачја (Водно, парк на природата Гази Баба, Езерце, Острово...) се главно заштитени на хартија, а во реалност оставени на (не)одговорност на граѓаните и институциите. Аерозагадувањето е хронично високо, но нема системски пристап и сериозен план за негово конечно решавање во догледно време. Еколошки јавен превоз и безбедна мрежа на велопатеки се уште далеку од дофат. Постојано има интензивни градежни активности, без нормален сооднос на парковско зеленило во урбаните блокови. Далеку сме од препорачаните 25 м² зеленило по жител. Енергетската ефикаснот на објектите и обновливите извори на енергија се во почетни фази, потенцираа од О2 Иницијатива.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе