Објавен трејлер за новата сезона на Top Gear
BBC објави нов трејлер за новата, 27 сезона на Top Gear. Едноминутното видео открива дека нè очекуваат бројни авантури од сите краеви во светот, од Етиопија до Велс па до Исланд.
Главни ѕвезди се Педи Мекгинис, Фреди Флинтоф и Крис Харис, а трејлерот открива дека ќе се тркаат во најразлични автомобили. Мет Лебланк и Рори Рид повеќе не се дел од тимот. Двајцата нови водители, Мекгинис и Флинтоф му се придружија на Харис, кој се враќа во неговата четврта сезона во шоуто.