Објавен трејлер за романтичната комедија „Love Hard“
Netflix го објави трејлерот за романтичната комедија „Love Hard“ која пристигнува на 5 ноември.
Во филмот се зборува за лагите кои ги кажуваме поради љубов. Девојка која нема среќа во љубовта ќе се вљуби во момче кое живее на другиот крај од државата и ќе се одлучи да го изненади за празниците. Што ќе се случи, ќе откриете во трејлерот. Погледнете го видеото.