Од 2.300 тестирани, само кај 35 дебрани детектирани антитела

МИА
/ 04.05.2020 / 17:30

Во рамки на скринингот што заврши во Дебар, направени се околу 2.300 тестови, само кај 35 лица беа детектирани антитела, еден дел кои беа заболени, друг дел по случаен избор, соопшти министерот Венко Филипче.

Значи, еден мал процент граѓани имаат имунитет, што е уште еден доказ дека нашата стратегија да не се прави скрининг со серолошките тестови во оваа фаза, практично е успешна, заради тоа што не може да нè донесат до некаков посебен заклучок, за нешто што можеше да придонесе за димензионирање на мерките.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на која информираше и за состојбата со COVID-19 во државава.

Во изминатите 24 часа, потенцира, направени се 113 тестови, односно вкупно се 17.359 тестирања од почеток на кризата.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени двајца нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 41, на кислородна поддршка се 21 пациент, а еден пациент е на респираторна машина. Во ГОБ „8 Септември“ се примени тројца нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 24, на респираторна машина се пет пациенти и уште тројца се со нешто потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, во болницата во Штип, исто така – четворица, и во двата града се следат пациенти на домашно лекување. На инфективните одделенија во болниците во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 пациенти, додаде Филипче. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе