Од следната недела 12 меѓународни експерти на ОБСЕ-ОДИХР ќе почнат со интензивно следење на медиумите за изборите

Дванаесетмина набљудувачи на ОБСЕ-ОДИХР се веќе во земјава и следната недела ќе почнат интензивно да ги следат медиумите. Шефицата на мисијата, Џилиан Стирк, најави дека покрај клучниот тим за набљудување на изборите, ќе има дополнителни 20 долгорочни набљудувачи распоредени во неколку градови, а побарале и 300 краткорочни набљудувачи кои треба да стигнат во земјава непосредно пред изборите.

„Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји учеснички на ОБСЕ. Станува збор за многу разнообразна група. Ќе бидеме во земјата и за претседателските избори и за парламентарните избори и ќе заминеме на 19 мај. Покрај мојот колега, господинот Наџ, имаме други експерти кои работат на изборната администрација, правната рамка, политичката средина, кампањата, политичкото финансирање и финансирањето на кампањата и медиумите. Од наредната недела ќе почнеме со интензивно следење на медиумите. Покрај главниот тим ќе имаме група на долгорочни набљудувачи, вкупно 20 лица кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови по двајца. Ќе бидат стационирани во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје. Долгорочните набљудувачи беа испратени од 20 земји, учеснички на ОБСЕ. Ние исто така побаравме и 300 краткорочни набљудувачи кои треба да пристигнат непосредно пред изборите. Ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирање на резултатите. Тие ќе дојдат непосредно пред 24 април“, рече шефицата на мисијата, Стирк.

Ова се 22 избори во Македонија кои ги набљудува ОБСЕ-ОДИХР, а прв пат набљудуваат двојни избори.

Зголемениот број на набљудувачи, шефицата Стирк објасни дека е одлука на мисијата за проценка која имала предвид дека прв пат во земјава се набљудуваат двојни избори.

Прелиминарниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР за изборите ќе биде готов две недели пред изборниот ден, прелиминарните наоди ќе бидат претставени на прес-конференција, а ќе подготват и конечен извештај кој треба да се објави два месеца по изборниот процес.

Со оглед на тоа што денес им беше прв работен ден во Скопје, шефицата на мисијата побара повеќе време за анализа за да одговори на прашањето дали препораките на ОБСЕ-ОДИХР, кои беа усвоени пред две недели, беа доцна усвоени.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе