Од сиромаштијата во Колумбија до светска фудбалска легенда. Документарниот филм на Netflix го раскажува подемот на колумбискиот голман Рене Игита, неговата револуционерна кариера и раѓањето на Скорпион ударот.
Игита беше активен од 1985 до 2009 година настапувајќи за домашните клубови Миљонариос, Атлетико Насионал, Индепендиенте Медељин, Реал Картахена, Атлетико Хуниор, Депортиво Перејра, Депортиво Рионегро, потоа мексикански Веракрус, еквадорски Аукас, венецуелски Гуарос, а во Европа имаше само кратка авантура во шпанскиот Реал Ваљадолид во 1992 година.
Беше познат како Ел Локо, односно Лудиот, поради неговиот стил на игра како голман што често игра и во поле, а постигнуваше и голови од пенали и слободни удари. Во кариерата постигна вкупно 43 голови од кои 35 од пенал, 7 од слободен, но и 1 од гол на гол.
За репрезентацијата на Колумбија настапи 68 пати и постигна 3 гола, а беше дел од Мундијалот во Италија 1990 каде целиот свет се запозна со т.н. Скорпион удар. Оттаму и насловот на документарецот „Higuita: The Way of the Scorpion“.
Игита денес има 57 години и работи како тренер на голманите во Атлетико Насионал, работа што претходно ја работеше и во Ваљадолид и Ал Наср.
Филмот ќе биде премиерно прикажан на Netflix на 2 ноември.