Официјален трејлер за новиот хорор No Way Up
Група преживеани патници мора да ги надминат своите внатрешни превирања и многу подводни закани откако нивниот авион ќе се урне во Пацификот.
Од режисерот Клаудио Феј и сценаристот Енди Мејсон, во филмот улогите ги толкуваат Филис Логан, Колм Мени, Вил Атенбороу, Џеремаја Амур, Грејс Нитл, Дејвид Самартин, Џејмс Керол Џордан, Софи МекИнтош, Мануел Пасифик, Скот Кокер и други.
Иако американски филм, премиерата први ќе имаат можноста да ја видат Русите и тоа на 18 јануари во новата 2024 година.