„Stay Close“ е британски минисеријал базиран врз истоимениот роман на Харлан Кобен од 2012.

Режијата е на Даниел О'Хара, а сценариото на самиот писател Кобен. Во главните улоги се појавуваат Кап Џамбо, Џејмс Несбит, Ричард Армитаџ, Еди Изард, Џо Џојнер, Јусеф Керкур, Сара Париш и Даниел Френсис.
Во 2018 година Кобен потпиша петгодишен договор со Netflix за 14 од неговите романи да бидат претворени во серии, а тој да биде продуцент на сите. Веќе беа екранизирани „Safe“, „The Stranger“, „The Woods“ и „The Innocent“.
Премиерата е закажана за 31 декември на Netflix.