Официјално: Де Роси е нов тренер на Рома

Поранешниот капитен на „Џалоросите“ потпиша договор до 30 јуни 2024 година: „Добредојдовте дома, Даниеле“, му порача газдата Фридкин.

Сега е и официјално: Даниеле Де Роси е нов тренер на Рома по отказот на Жозе Мурињо. Клубот го соопшти ова со објава на официјалната веб-страница. Поранешниот капитен потпиша договор само до јуни 2024 година.

„АС Рома со задоволство објавува дека Даниеле Де Роси е назначен за нов технички менаџер на првиот тим до 30 јуни 2024 година. По 18 години како жолто-црвен играч, Де Роси ќе се врати на улогата на тренер и ќе дебитира на нашата клупа на првенствениот натпревар против Верона в сабота попладне на 'Олимпико'“, соопшти клубот.

URL

Роден во Рим и израснат во младинскиот сектор на Рома, Де Роси го имаше своето деби во првиот тим на 18 години во 2001 година, а потоа брзо се наметна како еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот. Истиот дрес го носеше во наредните 18, сѐ до 2019 кога замина на кратко во Бока Жуниорс, каде и се пензионираше. Одигра вкупно 616 натпревари за Рома во сите конкуренции и постигна 63 гола. Во жолто-црвениот дрес освои две Копа Италија (2006/2007, 2007/2008) и една Суперкопа (2007).

„Среќни сме што можеме да му ја препуштиме техничката одговорност на Рома на Даниеле Де Роси, бидејќи веруваме дека лидерството и амбициите кои отсекогаш го карактеризирале може да бидат одлучувачки во извршувањето на целите што тимот ги има пред себе до крајот на сезоната“, изјавија Ден и Рајан Фридкин, американските газди на клубот.

„Ја знаевме нераскинливата врска што го обединува Даниеле со клубот, но ентузијазмот со кој тој веднаш го прифати овој предизвик во наредните месеци дополнително нѐ убеди во неговата способност да биде водич за играчите и горд претставник на вредностите на овој клуб. Добредојде дома, Даниеле“.

Де Роси нема големо тренерско искуство. Тренерскиот занает го почна како помошник на Роберто Манчини во репрезентацијата на Италија, со која го освои ЕУРО 2020. Потоа ја напушти репрезентацијата за да го заврши курсот на УЕФА за тренерска А лиценца.

Потоа работеше како технички соработник во ФИГЦ во У15 и У20 репрезентациите, а во јануари 2022 се согласи да се врати во стручниот штаб на Манчини за да ѝ помогне на Италија да се пласира на Мундијалот во Катар. Мисијата беше неуспешна поради поразот од Македонија во баражот. Потоа од октомври 2022 го водеше СПАЛ во Серија Би, но доби отказ во февруари наредната година поради слаби резултати.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more
 

Спорт

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе