Официјално: Натрапник од друг ѕвезден систем паднал на Земјата

Научниците и американските воени претставници веруваат дека Земјата била погодена од метеор од друг сончев систем во 2014 година, пред откривањето на екстрасоларната вселенска карпа Оумуамуа во 2017 година.

Американската вселенска команда ги потврди наодите на научниците од Харвард дека вселенска карпа од друг ѕвезден систем удрила во Земјата во 2014 година, пишува Independent.

Објавата го поместува датумот на првото потврдено откритие на екстрасоларен посетител во последните три години, и ја отвора можноста, колку и да е далечна, да се соберат фрагменти од вонземски метеорит од Тихиот Океан каде што експлодирал, и сугерира дека екстрасоларните вселенски карпи можеби се вообичаени посетители на нашиот Сончев Систем.

На 6 април, Вселенската команда објави допис во кое ја потврдува работата на астрономите од Харвард, Амир Сираџ и Абрахам Лоеб, истакнувајќи дека брзината и траекторијата на метеорот сугерираат дека вселенската карпа е од екстрасоларно потекло. Сираџ и Лоеб напишаа труд во 2019 година во кој го аргументираа екстрасоларното потекло на метеорот и го објавија на научниот сервер за предпечатење ArXiv. Но, научниците не успеаја да го објават трудот во рецензирано списание бидејќи се потпира на податоци од некои сензори што ги користи американското Министерство за одбрана, според извештајот на Vice.

Во потрага по метеори

По откривањето на Оумуамуа, голем, издолжен астероид кој помина низ нашиот Сончев Систем и за кој беше утврдено дека има меѓуѕвездено потекло, Лоеб и Сираџ почнаа да бараат историски податоци од Центарот за проучување објекти блиски на Земјата (CNEOS) на НАСА во потрага по докази за постоењето на мали метеори кои исто така потенцијално дошле надвор од Сончевиот Систем и изгореле во атмосферата на Земјата.

Еден од овие метеори генерирал огнена топка откриена во близина на Папуа Нова Гвинеја на 8 јануари 2014 година, а податоците на CNEOS покажаа дека доаѓа од мал метеор кој патувал невообичаено брзо во однос на Сонцето, што укажува дека потекнува надвор од Сончевиот Систем.

Кога ги направија пресметките, Лоеб и Сираџ заклучија „со 99,999% сигурност дека метеорот од 08.01.2014 е меѓуѕвезден“. Сепак, толеранцијата на грешки не беше доволно добра за нивната работа да помине низ процес на преглед. За тоа, објави Vice, ќе бидат потребни податоци од CNEOS сензорите кои американската војска ги користи и за следење на огнените топки создадени од нуклеарно оружје.

Дописот од Вселенската команда од 1 март потпишано од Џоел Мозер, главен научник на Командата за вселенски операции на САД, може да помогне да се објави научниот труд.

Дописот, исто така, потврдува дека Оумуамуа не бил првиот меѓуѕвезден посетител на Сончевиот Систем и сугерира дека ниту тој, ниту метеорот од 2014 година нема да бидат последни: Сираџ и Лоеб пресметале дека екстрасоларен метеор ќе ја погодува Земјата околу еднаш во една деценија и дека во досегашниот животен век на Земјата, повеќе од 450 милиони такви метеори ја погодиле нашата планета.

URL

Доказ за вонземски живот

Дури е можно, пишуваат во написот, таквите меѓуѕвездени „претставници“ да носат докази за вонземски живот. „Потенцијално меѓуѕвездените метеори би можеле да донесат живот од друг планетарен систем и да посредуваат во панспермијата.“

Д-р Лоеб, исто така, тврдеше дека Оумуамуа може да биде форма на вонземска технологија, а не екстрасоларен астероид, но неговото мислење е малцинство меѓу астрономите.

Д-р Сираџ за Vice изјави дека би сакал да организира експедиција за да се обиде од океанот да извлече фрагменти од метеоритот од 2014 година.

„Тоа би бил голем потфат“, рече тој, „но ние ќе го проучуваме детално бидејќи можноста да се дојде до првото парче меѓуѕвезден материјал е доволно возбудлива за да се провери многу темелно“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе