Сега е официјално – Србија на АТП купот во Сиднеј ќе учествува без Новак Ѓоковиќ.
Со денови се шпекулираше дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи за Србија на АТП купот, а организаторите официјално ја потврдија информацијата дека првиот рекет во светот нема да игра во Сиднеј оваа година.
Србија ќе ја претставуваат Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ, Никола Чачиќ и Матеј Сабанов.
Селектор ќе биде Сабанов.
АТП купот почнува на 1 јануари.