Опаѓа бројот на новозаразени со COVID-19, но остануваат апелите за почитување на мерките за заштита

Нови 307 случаи со COVID-19 од направени 1.854 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа 14 лица во болнички услови, а оздравени се 658 пациенти.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.124, бројот на оздравени пациенти е 76.045, на починати е 2.768, а бројот на активни случаи изнесува 11.311. Досега во земјата се направени вкупно 439.121 тестирања на COVID-19.

Од новите позитивни на COVID-19, во Скопје се 137, во Куманово 17, во Велес 15, во Тетово и во Прилеп по 13, Дебар 11, Гостивар, Охрид и Кавадарци по 10, 9 во Струмица…

Во Скопје активни случаи има 6.455, во Тетово 467, во Куманово 433, во Струмица 362, во Кавадарци 355, во Охрид 349, во Гостивар 306, Прилеп 259, Битола 226… Најмалку активни случаи, 7, има во Дојран.

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти вчера Министерството за здравство.

Според надлежните, кај нас нема мутација на коронавирусот, слична на таа која се појави во Обединетото Кралство, односно кај нас е присутен истиот вирус.

– Иако е присутен истиот вирус, тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерки за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство истакна дека сите вакцини се евалуираат, а тоа на што ставаат приоритет е да се осигураат во нивниот квалитет. Филипче смета дека сосема добро може да го спроведат процесот на имунизација и посочи дека ќе останат тука да ги вакцинираат сите наши граѓани, по приротиет така како што се дефинирани групите.

– Имавме разговор со претставништвото на Pfizer во Белград и таму се работи на двата договора, нашиот драфт договор за нашите 800 илјади дози и дозволата српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја. Веднаш кога ќе ги добијат фајловите и дозволата ние сме спремни да ги примиме, појасни Филипче.

Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека вие денови се очекува да стигнат првите две-три илјади вакцини од договорените 8.000 од српските вакцини од Pfizer коишто дефинитивно се усогласени и политички договорени.

– Идната недела се очекуваат првите информации за првите количини преку КОВАКС системот, а во февруари се очекуваат вакцините кои се договорени директно со компанијата Pfizer, изјави Заев.

Нашата земја, вели премиерот Заев, е целосно подготвена со обезбедени ладилници за вакцините и веќе е изграден системот за вакцинација, а први ќе ја примат медицинските работници од ковид-болниците кои се 7.850 на број, останатиот медицински персонал, хронично болните и возрасните луѓе.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе