Opel направи комбинација од класичниот изглед и врвните модерни технологии и го создаде моделот Manta GSe ElektroMOD, електрично купе со ретро изглед.
Основа на проектот е легендарниот модел Manta A, a неговиот мотор со внатрешно согорување е заменет со електричен мотор кој испорачува 145 КС. Силата на електричниот мотор се пренесува на задните тркала преку оригиналниот четиристепен менувач, па автомобилот може да се вози како „мануелец”.
Батеријата со моќност од 31 kWh овозможува 200 километри возење со едно полнење, а полначот овозможува целосно полнење за 4 часа. Ова воедно е и најмоќната Manta на сите времиња.
Од новите технологии, тука се LED и 3D светлата, како и дигиталните екрани во внатрешноста кои прикажуваат податоци за возењето. Оpel ja опреми Manta GSe со озвучување со Bluetooth конективност од Marshall, a тука е и трокракиот волан кој го задржа стилот од седумдесеттите.
Оpel уште нема планови за сериско производство на Manta GSe ElektroMOD.