Осетот за мирис открива дали ви недостига витамин Д

Витаминот Д е неопходен за нормално функционирање на човечкото тело.

Витаминот Д спаѓа во групата на витамини растворливи во масти. Неопходен е за нормално функционирање на организмот. Примарната функција на витаминот Д е апсорпција на калциум, заштита на коските, мускулите и здравјето на срцето.

Иако е од суштинско значење за нормалното функционирање на телото, многу луѓе имаат недостаток на овој витамин, пред сѐ затоа што го нема толку во храната. Имено, најмногу витамин Д добиваме од сончевата светлина.

Недостатокот на овој важен витамин може да доведе до разни болести, а еден начин да проверите дали имате недостаток на витамин Д е поврзан со тестот за сетилото за мирис.

Симптомите на недостаток на витамин Д се поврзани со мирис

Оние кои имаат недоволно количество на витамин Д во крвта со возраста ќе имаат послабо сетило за вкус и мирис. Раните симптоми тешко се забележуваат бидејќи се појавуваат многу бавно. Во една студија објавена во 2020 година во списанието Nutrients, експертите успеаја да воспостават врска помеѓу недостаток на витамин Д и губење на вкусот и мирисот. Губењето на мирисот се дефинира како неправилно идентификување на шест или повеќе различни мириси, додека губењето на вкусот се дефинира како неможност да се идентификуваат кинин или натриум хлорид.

Истражувачите откриле дека луѓето кои имаат недостаток на витамин Д имаат 39 отсто поголеми шанси да имаат потешкотии со нарушувања на мирисот и вкусот подоцна во животот. Студијата заклучува дека витаминот Д може да игра значајна улога со нарушено сетило за мирис на подоцнежна возраст.

Колку време треба да поминете на сонце?

Препорачаната концентрација на витамин Д во крвта кај населението треба да биде 75 nmol/L – 125 nmol/L за оптимална заштита од заразни болести. Витаминот Д можете да го внесете со поминување време на сонце бидејќи човечката кожа го создава користејќи ги сончевите ултравиолетови зраци. Во текот на пролетните и летните месеци доволно е да бидете од 10 до 20 минути на сонце, додека во зима потребно е да бидете надвор најмалку два часа.

Извори на витамин Д

- спанаќ

- кељ

- грав

- соја

- риба (сардини, лосос)

- црн дроб

- жолчка

Лекарите препорачуваат излегување и активности на отворено, редовно вежбање, правилна и урамнотежена исхрана и консумирање додатоци во исхраната со витамин Д во доза од 20 µg на ден или повеќе, почнувајќи од октомври, до пролет.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе