Осум чаши вода дневно сепак се премногу, според науката

Ново истражување покажа дека препорачаните осум чаши вода дневно може да бидат премногу, пренесе BBC.

Научници од Универзитетот во Абердин открија дека препорачаната доза на два литри вода дневно е повеќе од тоа што им е потребно на луѓето. Со оглед на тоа дека приближно половина од дневното внесување вода доаѓа од храната, научниците проценуваат дека на луѓето им требаат само околу 1,5 до 1,8 литри дневно.

„Првичната проценка од две литри вода дневно доаѓа од малку погрешна процена. Водата што треба да ја пиеме е разликата меѓу вкупната вода што треба да ја внесеме и количината што ја добиваме преку храна. Начинот на кој проценивме е преку анкета прашувајќи ги луѓето колку јадат. Со оглед на тоа што многумина премалку пријавуваат колку јадат постои погрешна процена и така е преценета количината вода што ни е потребна“, вели професорот Џон Спикмен од Универзитетот во Абердин.

Научниците ширум светот соработуваа за да го измерат точното внесување на вода користејќи ја техниката на стабилен изотоп. Анкетирале 5.604 луѓе од 23 различни земји на возраст од осум дена до 96 години.

Истражувањето вклучувало луѓе кои пиеле вода во која некои од молекулите на водород биле заменети со стабилен изотоп на елементот наречен деутериум што природно се наоѓа во човечкото тело и е безопасен. Стапката на елиминација на вишокот деутериум покажува колку брзо се разменува водата во телото.

 Истражувањата покажаа дека луѓето кои живеат во топли и влажни средини и на големи надморски височини, како и спортистите, бремените жени и доилките, треба да пијат повеќе вода.

Потрошувачката на енергија е најголемиот фактор во внесувањето вода. Највисоки вредности се забележани кај мажите на возраст меѓу 20 и 35 години, кои во просек пиеле 4,2 литри дневно. Ова се намалува со возраста, просечно 2,5 литри дневно за мажи на возраст од 90 години.

Жените на возраст меѓу 20 и 40 години имале просечна циркулација од 3,3 литри, а до 90-тата година паднала на 2,5 литри.

„Студијата покажа дека вообичаената сугестија сите да пиеме 8 чаши вода веројатно е превисока за повеќето луѓе“, вели Спикмен.

Смета дека ова истражување претставува голем напредок во предвидувањето на идните потреби за вода.

Резултатите од најновата студија се објавени во Science. 

Тагови
реклама

Здравје

Три знаци дека ви недостасуваат влакна во исхраната

Read more

Зошто треба да го почнете денот со шолја какао?

Read more

Храна што треба да ја јадете секој ден за да го намалите холестеролот

Read more

Храна што го зголемува ризикот од рак на дебелото црево кај младите

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Три знаци дека ви недостасуваат влакна во исхраната

Читај повеќе
  • filter

Како да комбинирате обувки со леопард дезен како модна икона?

Читај повеќе

Диета со цвекло - се слабее 5 килограми за само една недела

Читај повеќе

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 18 до 20 април за секој знак

Читај повеќе

Венеција двојно ги поскапува билетите за еднодневна посета

Читај повеќе

Зошто треба да го почнете денот со шолја какао?

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете секој ден за да го намалите холестеролот

Читај повеќе