Отказ за советник на екс министерот Чулев поради насилно и недолично однесување

По спроведената дисциплинска постапка од дисциплинска комисија, Министерството за внатрешни работи денеска му го откажа договорот за вработување на З.Ѓ. на работното место државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинет на министер, кој на оваа позиција беше поставен во периодот на техничката Влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев.

Отказот, како што велат од МВР, му е врачен поради насилно и недолично однесување на јавно место, со што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи.

– Tој спротивно на правилата и прописите на Министерството се однесувал непрофесионално и неетички, односно на начин кој не доликува на еден полициски службеник, наведуваат од МВР и велат дека решението е донесено согласно член 208 став 1 точкa 4, 10, 14 и 20 од Колективниот договор на МВР, а во врска со член 187 став 1 точка 4, 10, 14 и 20 од Законот за внатрешни работи.

Дисциплинската комисија утврдила дека на 15.07.2020 (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15:30 часот во Тетово, државниот советник З.Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне.

– Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници. Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК, појаснуваат од МВР.

Овој акт, додаваат, е уште еден показател на цврстата определба на МВР да има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите на Министерството, а насилничкото однесување и предизвикување на неред да бидат најостро санкционирани.

– Полицијата е чувар на јавниот ред и мир, па оттаму МВР нема да дозволи полициски службеник да биде иницијатор и главен актер во негово нарушување. Напротив, полициските службеници треба да бидат пример со своето однесување. Заврши времето на неказнивост на луѓе на високи позиции само затоа што се дел од одредена политичка елита. Законите важат еднакво за сите граѓани, посочуваат од МВР.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе