Откажана вселенската прошетка на руските космонаути

Неконтролирано истекување на течност за ладење од руското вселенско летало Сојуз на Меѓународната вселенска станица (МВС) ја оштетило капсулата на екипажот, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Станува збор за „насилно истекување“ од вселенското летало Сојуз МС-22, откриено додека руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Пателин се подготвувале за вселенска прошетка надвор од Станицата. Станува збор за прошетка што требало да трае скоро седум часа.

Сепак, била откажана бидејќи вселенските одела почнале да губат притисок во воздушната комора. Камерите од надворешната страна на вселенската станица снимиле како излегува замрзната течност од капсулата Сојуз во вселената, додека космонаутите се враќале во главниот дел на станицата.

Екипажот е безбеден, а во извештајот навеле дека уредот за предупредување, кој е дел од дијагностичкиот систем, се огласил и покажал пад на притисокот во системот за ладење. Визуелната проверка го потврдила истекувањето, поради што е откажана вселенската прошетка.

Од друга страна, сите други системи на Станицата и на Сојуз функционираат нормално, така што екипажот е безбеден. Сепак, по анализата на целосната ситуација, ќе биде донесена одлука за следните активности на експертите. Слично соопштение објави и американската вселенска агенција НАСА, нагласувајќи дека екипажот во ниту еден момент не бил загрозен.

Како штетата на Сојуз ќе влијае на враќањето на екипажот МС-22 на Земјата во март, 2023 година, засега е непознато. Астронаутот на НАСА Френк Рубио е дел од тој екипаж. Исто така, не е познато што сè е оштетено од истекувањето.

Вселенските агенции не прецизираа какво средство за ладење истече од Сојуз, но амонијакот, кој е вообичаена течност за ладење во вселенските летала, може да биде корозивен за многу метали.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе