Откриени траги од вулканска активност на Месечината

Кајгана / МИА
/ 27.12.2022 / 08:37

Кинески научници пронајдоа траги од вулканска активност од примероци земени од Месечината, објави Nature Astronomy.

При анализа на примероци земени со сондата Chang'e-5, пронајдени се седум минерали, единствени по облик, боја и други одлики. Експертите веруваат дека тие веројатно навлегле во подрачјето на Oceanus Procellarum од друго место и биле исфрлени на површината по удар на астероид.

Натамошното хемиско испитување на честичките покажало дека некои од примероците се од вулканско потекло.

Покрај тоа, имаат нетипичен хемиски состав којшто не се среќава кај другите познати вулкански реголити (хетерогени карпи). Научниците веруваат дека се формирани како резултат на низа вулкански ерупции во минатото.

Во мај, 2022 година, американските научници посочија дека на Месечината веројатно има скриени ледени плочи со огромни резерви вода, создадени како резултат на низа масивни вулкански ерупции кои исфрлале облаци водена пареа. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе