Замислете автомобил со кој можете да се возите на улица и по потреба да летате со него.
PAL-V Liberty е најпознатиот бренд на летачки автомобили и тие се популарни низ целата планета.
Тие направија одлично возило кое има можност за летање, но по неколку години од неговото официјално претставување, автомобилот стана целосно легален.
Ова значи дека можеме да го видиме и во Европа, ако некој одвои 300.000 евра за PAL-V Liberty.
По неколкумесечно тестирање, вклучително и тестирање на перформанси, сопирање, емисии на штетни гасови и слично, беа направени 150 часа тест-летови и 1.200 тестови пред да се добие „зелено светло“.
Сè уште чека за сертификат за дозвола за летање, а сите услови во EASA (Европска агенција за безбедност на воздухопловството) ќе бидат исполнети до 2022 година.