Падна Малта, Македонија се врати во игра за пласман на ЕУРО

За Кајгана од Малта: Филип Здравески
/ 12.09.2023 / 22:44

Македонија славеше победа од 2:0 на гостувањето кај Малта и освои одлични 4 бода во овој септемвриски прозорец.

Елмас и Барди го слават водечкиот гол; Фото: Игор Паневски/ФФМ

Селекторот Благоја Милевски направи три измени во почетните 11 од саботниот дуел со Италија. На голманската позиција се знаеше дека ќе стартува Дамјан Шишковски на местото на повредениот Столе Димитриевски, кој не беше ниту на клупата. На десната латерална позиција стартуваше Бојан Димоски место Стефан Ашковски, кој многу претрча со „Аѕурите“. Последната промена беше Исник Алими на местото на Агон Елези.

Така, „Рисовите“ започнаа со Дамјан Шишковски на голот, во одбраната Јован Манев, Висар Муслиу и Ѓоко Зајков, лев латерален бек Езѓан Алиоски, десен Бојан Димоски, во средината капитенот Енис Барди, Јани Атанасов и Исник Алими, а во нападот Елиф Елмас и Бојан Миовски.

Македонија го отвори резултатот по само 5 минути игра. По левата страна Алиоски и Барди комбинираа, на крајот капитенот го пронајде Елмас во домашниот казнен простор, а „Дијамантот“ потоа биеше неодбранливо во подалечниот горен агол.

URL

„Рисовите“ ја контролираа играта, иако поседот беше 50-50. Малта само неколку пати дојде до македонскиот шестнаесетник, но не успеа сериозно да се закани.

Во тек беше 41. минута кога Барди нафрли од корнер од лево, а Јован Манев со глава погоди за 2:0. Ова е негов деби гол во националниот тим.

Remote video URL

Вториот дел Малтежаните го започнаа офанзивно, а на паузата направија и три измени. Сепак, не успеаја да создадат вистинска шанса, иако некои напади делуваа заканувачки.

во 76. минута Ѓоко Зајков остана да лежи во напиот шестнаесетник, по што мораше да интервенира лекарскиот тим. Пе четириминутна интервенција Зајков се исправи, но сепак беше пренесен на носилки и веднаш беше заменет со Никола Серафимов. Истовремено влезе и Агон Елези на местото на Јани Атанасов.

Најсериозната шанса за Малта ја имаше Камензули во 84. минута кога се најде сам по левата страна при една нафрлена топка, но се чини дека и самиот беше изненаден од шансата, па со глава го префрли голот од идеална позиција.

Немаше промени на резултатот ниту по осумте минути судиско надополнување, па Македонија ја запиша втората победа во квалификациите.

Македонија во Малта ја бодреа и околу 1.500 навивачи, пред сѐ наши луѓе што живеат и работат на Малта, но и од Италија.

Фото: Игор Паневски/ФФМ

Во другиот натпревар од нашата група Италија со 2:1 ја победи Украина со двата гола на Давиде Фратези.

Табела:

  1. Англија 13
  2. Италија 7
  3. Украина 7
  4. Македонија 7
  5. Малта 0

Следниот натпревар на Македонија е на 14 октомври против Украина, а ќе се игра на неутрален терен во Полска од добро познатите причини.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Фудбал

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Read more

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Read more

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Read more

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе