Пакјао повторно го предизвика Мејведер

Лас Вегас, 24 јули 2019 (МИА) – Мани Пакјао уште еднаш го предизвика Флојд Мејведер на реванш-дуел, откако Американецот ја испровоцира филипинската ѕвезда дека продолжува да се бори и по 40-тата година.

Пакјао (40), кој го победи Кит Турман по судиска одлука во текот на викендот, му врати на Мејведер во социјалните мрежи: „Доаѓаш на моја борба и го користиш моето име во пост, но дали јас сум тој, кој сака да остане важен? Ако сакаш повторно да станеш важен … # MayPac2“, пишува Пакјао на Твитер.

Мејведер, кој се откажа на 40-годишна возраст во 2017 година со невиден рекорд од 50-0, претходно изјави дека „кариерата и наследството на Пакјао биле изградени од асоцијацијата со неговото име“.

– Време е да престанете да го користите моето име за „кликбајт“ и да оставите неговото да зборува само за себе, напиша Мејведер на Instagram. – Кога излеговме на рингот, победив толку лесно, што сите мораа да си ги изедат зборовите“, додаде Американецот до фотографијата од неговата победа над Пакјао во 2015 година.

Мејведер не сакаше да коментира за можен реванш, одговорајќи му на Филипинецот подоцна во објава на социјалните мрежи.

– На крајот на краиштата, правам повеќе пари од тебе … Те победив физички и ментално. Запомни, ти се бориш затоа што треба, а јас се борам кога сакам, заклучи Американецот.

Мејведер е еден од седумте професионални боксери кои го победиле Пакјао – единствениот боксер кој освои шест светски титули во осум различни дивизии.

реклама

Останати спортови

Тампа со тесна победа израмни во финалето против Далас

Read more

Македонецот лизга и тренира: Стамкос ќе ѝ помогне на Тампа во финалето

Read more

Најболниот удар во историјата на ММА – право во меѓуножјето!

Read more

Ниту Трамп не успеа да го запре погубувањето на Навид Афкари

Read more

Спорт

  • play_arrow

Мората се врати во Јувентус, ќе зема 7,5 милиони евра по сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Алисон е голманот кој му ја прекина пенал серијата на Жоржињо

Читај повеќе

Властите открија: Суарес мамел на испитот по италијански јазик

Читај повеќе

Плејмејкерот на Работнички позитивен на COVID-19

Читај повеќе

Алтобели: Видал ви е топ, продајте го Ериксен, задржете ги Перишиќ и Наинголан

Читај повеќе

Мурињо: Кејн мора да игра против Лејтон Ориент и Шкендија

Читај повеќе
  • play_arrow

Тампа со тесна победа израмни во финалето против Далас

Читај повеќе

Ракитиќ: Не бевме блиски пријатели со Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Сити славеше на незгодното гостување кај Вулвс

Читај повеќе