Пакјао повторно го предизвика Мејведер

Лас Вегас, 24 јули 2019 (МИА) – Мани Пакјао уште еднаш го предизвика Флојд Мејведер на реванш-дуел, откако Американецот ја испровоцира филипинската ѕвезда дека продолжува да се бори и по 40-тата година.

Пакјао (40), кој го победи Кит Турман по судиска одлука во текот на викендот, му врати на Мејведер во социјалните мрежи: „Доаѓаш на моја борба и го користиш моето име во пост, но дали јас сум тој, кој сака да остане важен? Ако сакаш повторно да станеш важен … # MayPac2“, пишува Пакјао на Твитер.

Мејведер, кој се откажа на 40-годишна возраст во 2017 година со невиден рекорд од 50-0, претходно изјави дека „кариерата и наследството на Пакјао биле изградени од асоцијацијата со неговото име“.

– Време е да престанете да го користите моето име за „кликбајт“ и да оставите неговото да зборува само за себе, напиша Мејведер на Instagram. – Кога излеговме на рингот, победив толку лесно, што сите мораа да си ги изедат зборовите“, додаде Американецот до фотографијата од неговата победа над Пакјао во 2015 година.

Мејведер не сакаше да коментира за можен реванш, одговорајќи му на Филипинецот подоцна во објава на социјалните мрежи.

– На крајот на краиштата, правам повеќе пари од тебе … Те победив физички и ментално. Запомни, ти се бориш затоа што треба, а јас се борам кога сакам, заклучи Американецот.

Мејведер е еден од седумте професионални боксери кои го победиле Пакјао – единствениот боксер кој освои шест светски титули во осум различни дивизии.

реклама

Украдени околу еден милион евра од приватна куќа во Скопје

Read more

Д-р Деари е првиот лекар кој почина од компликации на COVID-19 во земјава

Read more

Еден убиен, тројца повредени во пресметка во скопско Батинци

Read more

Ослободен американски педофил кој беше осуден на 1.000 години затвор

Read more

Останати спортови

Таткото на Хабиб почина од компликации од COVID-19

Read more

Прва трка од Ендуро шампионатот за 2020 над велешкото езеро Младост

Read more

Словенија дозволи одржување меѓународни спортски натпревари и присуство на навивачи

Read more

ОФМ стави крај на одбојкарските лиги без прогласување победници

Read more

Спорт

Лејкерс и Никс се опции за Лилард

Читај повеќе
  • play_arrow

Златните момчиња: Ова е тимот кој секој би сакал да го менаџира

Читај повеќе

Буфон го собори рекордот на Малдини во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Баерн по 20-ти пат шампион, двојна радост за Левандовски

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Маркус Рашфорд стана британски национален херој?

Читај повеќе

Де Роси ќе биде тренер на Фиорентина

Читај повеќе

Корона криза во Реал Мадрид: Нема бонуси за освоени трофеи

Читај повеќе

ФИФА планира да ги замени судиите со роботи на СП во Катар

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дали дресот на Мексико од 90-тите е најдобриот на сите времиња?

Читај повеќе