Памела Андерсон: Не сакам социјални мрежи, не се фоткам во огледало

Педесетгодишната актерка и активистка за права на животните Памела Андерсон во интервју за списанието „W“ зборуваше за нејзините синови, за соништата, за социјалните мрежи и нејзиниот однос со Џулијан Асанж. Фотографиите за прилогот сосема спонтано ги снимил нејзиниот пријател Лук Гилфорд.

Андерсон во интервјуто открива дека до неодамна имала многу негативно мислење за социјалните мрежи и дека Асанж ѝ објаснил дека е добро да има што е можно повеќе информации, но и да знае како да ја препознае вистината.

„Еднаш ги исклучив компјутерот и мобилниот телефон на шест месеци. Не ме интересираше тоа, добивав премногу информации. Но, не можеш да се бориш против новите технологии“, рече таа.

Иако на Instagram има 348.000 следбеници и секојдневно објавува разголени фотографии, таа тврди дека не сака да споделува премногу од својата интима на социјалните мрежи.

„Не ме интересира што јадат другите луѓе, каде одат, што прават. Објавувам свои секси фотографии, но професионални. Не се фоткам во огледало. Социјалните мрежи ги користам за промовирање добри нешта, како веганството и живот без крзно. Загрижена сум за младите луѓе чии вредности се темелат на бројот на следачи на социјалните мрежи.“

Таа исто така откри дека тоа е причината зошто ја пишува книгата „Sensual Revolution“ во која зборува за десензибилирањето. Важен дел од книгата ќе биде феминизмот за кој во последно време многу размислува, чита и се информира.

„Понекогаш ми приоѓаат луѓе и ми викаат дека конечно правам нешто со животот, а јас си помислувам: ‘Кретену, го правам тоа откако дојдов во Лос Анџелес.’ Од мала сум активистка за заштита на животните, а луѓето дури сега го забележаа тоа“, вели Андерсон во интервјуто.

Таа додава дека сака да чита, многу сака поезија и моментално го чита дневникот на Фрида Кало. Исто така рече дека учи француски бидејќи сака да се пресели на југот на Франција каде има многу пријатели.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе