Паоло Малдини оди во Премиер лига?

Англискиот фудбалски прволигаш Њукасл Јунајтед е во потрага по нов спортски директор, а според италијанските и англиските медиуми тоа би можело да биде италијанската легенда Паоло Малдини (55).

Сè поизвесно е дека Ден Ешворт, актуелниот спортски директор, ќе се пресели на Олд Трафорд. Неговиот договор истекува во 2026 година, но Манчестер Јунајтед го бара веднаш и е подготвен да плати околу 10 милиони евра обештетување. Њукасл Јунајтед бара 20 милиони, а според сите сметки ќе најдат некаде измеѓу.

Малдини моментално е без договор, одби неколку понуди од Саудиска Арабија и стави до знаење дека е подготвен да започне нова авантура во некој европски клуб. Њукасл би можел да биде совршено решение бидејќи би му овозможило на Малдини да дојде во клуб кој нема финансиски проблеми.

Според Gazzetta dello Sport, Малдини многумина го сметаат за „тивок и компетентен глас на авторитет“ и е високо ценет од играчите кои го гледаат како икона на светскиот фудбал.

Англичаните наведуваат дека прв избор на Њукасл е Малдини, веднаш потоа Пол Мичел, поранешен играч на Саутемптон. На листата на кандидати се и Руи Педро од Бенфика, поранешниот спортски директор на Рома Тиаго Пинто и спортскиот директор на Спортинг, Иго Виана.

реклама

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе