Папата Франциск: Имате геј дете? Не го осудувајте, дајте му поддршка

Папата Франциск денеска им порача на родителите на деца хомосексуалци дека не треба да ги осудуваат, туку да ги поддржуваат децата.

На неделната аудиенција, Папата зборуваше за тешкотиите со кои може да се соочат родителите при воспитувањето на своите деца.

Меѓу нив има родители „кои гледаат различни сексуални ориентации кај своите деца“ и размислуваат како „да се справат со ситуацијата, како да ги поддржат своите деца и да не се кријат зад осудувачкиот став“, рече Франциск.

Црквата не може да прифати истополови бракови, но ...

Папата претходно изјави дека хомосексуалците имаат право да бидат прифатени во нивните семејства. Франциск, исто така, рече дека иако Црквата не може да прифати истополови бракови, може да ги поддржи законите за истополови заедници кои на хомосексуалните партнери им даваат еднакви права во областа на здравствената заштита, наследството и пензиите.

Ватикан минатата година објави документ во кој се наведува дека на католичките свештеници не им е дозволено да благословуваат истополови заедници, што на големо негодување на геј католиците. Во некои земји, како што се САД и Германија, бискупите почнаа да го прават тоа, а сѐ погласни се повиците оваа пракса да се институционализира.

Конзервативните верници на Католичката црква, која има 1,3 милијарди следбеници, веруваат дека Папата испраќа различни сигнали за хомосексуалноста, што е збунувачки за верниците. Црквата учи дека хомосексуалците треба да се третираат со почит, и иако истополовите односи се грев, хомосексуалните склоности не се.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе