Печен карфиол со слатко-лут прелив

Ако сте обожаватели на карфиол, ви го препорачуваме овој рецепт. испечете го, па прелијте го со ароматичен прелив.

Карфиолот е евтин зеленчук кој можете да го подготвите на милион начини. На пример, Гордон Ремзи од карфиол прави лажни шницли. Ние предлагаме да го направите овој рецепт. Со случајов, карфиолот е прилог за јадење од месо или риба, а тоа што го издвојува од останатите рецепти е ароматичниот прелив кој се прави со мед и маслиново масло. Одлично е и тоа што вака подготвениот карфиол можете да го послужите како посло јадење.

Потребни состојки:

  • 800 гр карфиол
  • 1 лажичка блага пипер
  • маслиново масло
  • ½ лажичка лук во прав
  • сол
  • бибер

за преливот:

  • ½ лимон
  • 3 лажици маслиново масло
  • магдонос
  • лута пипер
  • 1 лажичка мед

Подготовка:

Карфиолот исечете го на цветови и ставете го во сад. Потоа додадете сол, бибер, посипете со пипер и лук во прав. Прелијте со маслиновото масло и измешајте. Наредете во плех обложен со хартија за печење, па печете во загреана рерна на 200°C околу 30 минути.

Во тенџере загрејте маслиново масло, додадете малку рендана кора од лимон, сок од лимон и сечкан магдонос. Промешајте, па додадете мед и лута пипер. Оставете на шпорет 5 минути, а потоа прелијте го над испечениот карфиол кој сте го ставиле во сад за послужување.

Remote video URL
реклама

Рецепти

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more
 

Магазин

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе