Пекинг во страв од целосен локдаун, има 33 нови случаи на корона

Поради 33 случаи на коронавирус, Пекинг стравува од целосен локдаун, во зависност од резултатите од масовното тестирање што ќе се спроведе во речиси целата градска област, каде што живеат околу 22 милиони луѓе.

Во понеделникот тестирањето започна само во еден, најнаселен дел од градот. Но, откако дознаа само дел од резултатите од тестирањето, градските власти одлучија жителите во уште десет градски области и една економска зона да бидат тестирани до сабота.

Во понеделникот беа откриени 33 нови случаи на зараза, 32 лица имале симптоми на COVID-19, а едно лице е асимптоматско.

За разлика од Шангај, каде што очекуваа бројот на откриени случаи на инфекција со коронавирус да биде поголем од 1.000 пред одлуката за масовно тестирање, Пекинг се одлучи на тој потег по неколку десетици позитивни резултати.

„Со цел одлучно да се намали ризикот од ширење на епидемијата и ефикасно да се одржи здравјето на нашите граѓани, беше одлучено да се прошират тестовите на поголема површина, а причината се резултатите од тестовите спроведени во Чаојанг“, изјави вчеравечер портпаролот на градот.

Од вторник до сабота во одредени населби ќе се спроведат три рунди на PCR тестирање. Според светските стандарди, новата епидемија во Пекинг е поблага, но многумина стравуваат дека ќе доведе до затворање на кое е изложен Шангај.

На ваквата можност реагираа азиските берзи кои во понеделникот го доживеаја најголемиот пад во последниот месец, а вредноста на акциите е најниска во последните две години.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе