Пендаровски во Шведска како Швеѓанец: Патува со јавен превоз

Шведските политичари и функционери често до своите работни места патуваат користејќи јавен превоз. Нашиот претседател Стево Пендаровски мораше лично да го искуси тоа.

Ако кај нас се возат со службени автомобили дури и со платен возач, или скапи приватни, во скандинавската земја политичарите се на исто рамниште со обичниот граѓанин, како што и треба да биде.

Така, македонскиот претседател во манир на Швеѓанец го користеше јавниот превоз во Малме, од каде се возеше до Гетеборг и Стокхолм, а во возот доби и награда за тоа што со тој потег придонесе во зачувувањето на животната средина - се почести со фика, шведски десерт.

Ако за нас возењето на политичар со јавен превоз претставува вест на денот, во Шведска тоа е најнормална работа и слики од таков настан не завршуваат во медиумите. Но, Шведска за нас е друга планета.

„Не е ретка глетка да се видат шведски функционери како користат јавен превоз за да се движат низ и меѓу шведските градови. Всушност, тоа е претпочитаниот начин на транспорт низ цела Шведска за луѓе од сите возрасти и сфери на живот. Една од причините: грижа за животната средина, бидејќи возовите придонесуваат помалку за емисиите на јаглерод отколку авионските патувања“, пишува Шведската амбасада во Скопје по повод посетата на Пендаровски, за потоа да додаде:

„Среќни сме што и претседателот на Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски ја користи шведската железница додека е во Шведска. За време на своето патување, придружуван од шведската амбасадорка г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, тој имаше шанса да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон.  #ДалиЗнаеш дека 2021 година е европска година на возот🚆?“.

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Дали 50.000 „камикази“ доаѓаат на украинскиот фронт?

Read more

Девет земји го одложуваат EES системот: Новите проверки сè уште имаат многу недостатоци

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Македонија

Филипче: Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и Македонија ќе влезе во ЕУ

Read more

Дизелот поевтинува за 2 денара, бензините поскапуваат

Read more

Камениот мост добива нов сјај, започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Read more

Поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството: Герила акција на Партизанска

Read more

Вести

  • play_arrow

9/11: Автомобилите што никогаш не се вратија дома

Читај повеќе

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Читај повеќе

Трамп: Украина и Русија се договорија да не ги напаѓаат енергетските постројки

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и Македонија ќе влезе во ЕУ

Читај повеќе

ЕУ подготвува големи правила за новите членки: Без вето и со можност за задржување на пари

Читај повеќе

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Читај повеќе

Дизелот поевтинува за 2 денара, бензините поскапуваат

Читај повеќе
  • filter

Камениот мост добива нов сјај, започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Читај повеќе

Поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството: Герила акција на Партизанска

Читај повеќе