Пет причини зошто треба активно да пешачите секој ден

А.С.
/ 21.02.2024 / 17:39

Пешачењето е една од активностите кои не бараат премногу труд, а е многу корисна за физичкото и психичкото здравје. Не ви треба ни посебна опрема - само пар удобни патики и лесна облека.

Секојдневната прошетка од само десет минути го намалува ризикот од многу болести, ја зголемува енергијата, го намалува стресот и ја зголемува креативноста.

Ако сакате да ослабете, да стекнете кондиција или едноставно да го „исчистите“ умот без да одите во теретана или да правите вежби со висок интензитет, пешачењето е идеална вежба за вас.

Пешачењето е често занемарена форма на вежбање бидејќи во текот на секојдневните активности веќе правиме одреден број чекори, а всушност е исклучително корисно.

Бројни истражувања покажале дека дневната прошетка со умерен интензитет од само десет минути е исклучително корисна за нас.

Зошто е добро пешачењето?

1. Го подобрува здравјето на срцето

Еден од најдобрите начини за подобрување на здравјето на срцето е намалувањето на крвниот притисок, а тоа меѓу другото може да се постигне и со пешачење. Бројни студии покажаа дека оние луѓе кои прават барем неколку илјади чекори секој ден имаат 30 отсто помали шанси за срцев или мозочен удар.

Исто така, докажано е дека секои дополнителни 500 чекори дневно го намалуваат ризикот од срцева слабост, срцев удар и мозочен удар за 14 проценти.

2. Го намалува ризикот од хронични болести

Секојдневното пешачење многу ефикасно го намалува ризикот од развој на хронични болести како што се дијабетес, хипертензија, апнеја при спиење, депресивни нарушувања, дебелина и слично.

Една студија покажа дека дури и пешачењето неколку минути по оброкот може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта и да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Меѓутоа, за да се постигне најдобар можен ефект во намалувањето на ризикот од хронични заболувања, важно е да се пешачи што е можно повеќе, односно најмалку два часа неделно.

Можете да го искористите ова време за да слушате книги или подкасти.

3. Го зајакнува имунитетот

Пешачењето е една од вежбите со умерен интензитет која е исклучително корисна за зајакнување на имунитетот. Имено, пешачењето го зголемува бројот на имуните клетки кои потоа го бранат нашето тело од вируси, бактерии и други патогени, а со тоа не спречуваат сериозно да се разболиме.

Исто така, оние луѓе кои редовно пешачат, но понекогаш се разболуваат, се разболуваат пократко и многу полесно закрепнуваат.

4. Го зголемува нивото на енергија

Одење го зголемува протокот на кислород низ телото и ја забрзува циркулацијата, што веднаш нè буди. Исто така, пешачењето го зголемува нивото на адреналин и норепинефрин, кои се хормони одговорни за зголемување на нивото на енергија.

5. Го подобрува менталното здравје и го намалува стресот

Пешачењето го поттикнува телото да лачи хормони кои ќе направат да се чувствувате добро, а со тоа ќе го намалите нивото на стрес и негативните емоции во вашето тело.

Исто така, додека одите (особено ако одите побрзо), ќе се фокусирате на самата активност или на моменталната средина и барем за кратко ќе го оттргнете умот она што ве мачи.

Освен што е добро за менталното здравје, пешачењето ја поттикнува и креативноста. Причината за тоа е зголемената циркулација која носи повеќе кислород во мозокот и лачењето на хормони кои во исто време ви даваат повеќе енергија и прават да се чувствувате повеќе „будни“.

Remote video URL
Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Фит

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе