Пет совети за уреден дом

Блогерката Лизи Грант вели дека расчистувањето на нередот во домот помага да станете посмирени и посамоуверени. Организирањето работи дава чувство на успех со што се подобрува расположението бидејќи се ослободува простор во куќата, но и во главата.

Истражувањата покажале дека нередот и вишокот работи во домот навистина го подигнуваат нивото на кортизол, односно на хормонот на стрес и дека средувањето на нередот помага да се смириме.

Одвоивме 5 совети за тоа како полесно да го средите домот:

1. Визуализација на просторот

Пред да почнете со чистењето на нередот, замислете си како ќе изгледа вашиот дом без тој неред, можете да направите пред и потоа фотографии за да ја видите разликата. Тоа ќе ве мотивира да не дозволите повторно ваков неред и ќе ве охрабри редовно да го организирате домот.

2. Сè на свое место

Во процесот на расчистување на домот потсетете се дека секоја работа мора да има свое место. Ако некој предмет нема место за „живеење“, воопшто не се употребува, тогаш станува неред. Немојте да купувате работи кои немате место каде да ги сместите, со тоа ќе избегнете создавање неред во домот, а куќата ќе ви биде уредна и секогаш ќе знаете што каде ви стои.

3. Средете ја спалната соба

Ако имате неред во спалната соба тоа може да биде потсвесен извор на стрес кој ви отежнува да заспиете. Изнесете ги од собата сите работи кои ве потсетуваат на незавршени обврски – лаптоп, телефон, документи или облека за пеглање, така ќе му дадете сигнал на мозокот дека сега единствената работа што треба да ја направите е да си легнете.

4. Склaдирање во кутии

Кутиите и сличните предмети помагаат просторот да изгледа поуредно. Но, првин ослободете се од непотребните работи. Кога ќе одлучите дали нешто ќе фрлите, подарите или донирате, тогаш размислете како кутиите би ви помогнале во подобрата организација. Ако ви се потребни измерете го просторот каде ќе стојат за да купите колку што ви се потребни.

5. Ослободете се од непотребното

Кога ќе минете низ сите работи: облека, обувки, електронски уреди и слично, направете четири купчиња: за тоа што ќе задржите, подарите, фрлите или продадете.

Така полесно ќе го уредите домот, со оние предмети кои навистина ви се потребни.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Архитектура

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе