Петрески: Инфлацијата е увезена однадвор, засега нема потреба од корекција на каматите

Универзитетскиот професор Марјан Петрески смета дека во моментот нема потреба од корекција на каматите бидејќи засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата.

– Оваа инфлација е во целост увезена однадвор, преку цените на примарните производи, односно на енергенсите и храната. Засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата, односно помалата понуда. Нема притисоци од страна на побарувачката, што се гледа преку податоците за потрошувачка на домаќинствата. Оттаму, во моментот нема потреба од корекција на основната камата, преку која се регулира побарувачката, т.е. преку зголемување на каматите да се дејствува врз намалување на побарувачката, истакна Петрески во синоќешното гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Посочи дека кога има притисок на страната на побарувачката тогаш треба да делува Централната банка, но оти во моментот сѐ уште не постои таков притисок за да треба да се менува каматната стапка.

– На пример, потрошувачката на домаќинствата во 2021 година е на исто ниво како во 2019 година, пред пандемијата. Втор податок, растот на потрошувачките кредити на населението забавува. Тоа значи дека во најмала рака имаме стагнација кај побарувачката, ако не и некакво забавување. Во таа смисла било каква корекција на каматната стапка од страна на Централната банка би влијаело негативно на ситуацијата во којашто се наоѓаме, оцени Петрески.

Според Петрески, нѐ очекува двоцифрена инфлација и ситуацијата е многу неизвесна бидејќи цените на светските берзи се менуваат од миг во миг.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе