Петти избори за две години и повторно без јасен победник: Дали Бугарија оди кон нов ќорсокак?

Граѓаните на Бугарија вчера излегоа на петтите парламентарни избори за само две години, кои беа организирани откако партиите и во последниот постизборен период не постигнаа договор за формирање стабилна владејачка коалиција.

Но, се чини дека и по петтите избори ситуацијата нема да биде многу подобра со оглед на тоа што според последните податоци на Централната изборна комисија на Бугарија, ниту една партија нема комотна позиција која би ѝ овозможила да формира влада.

Имено, по 81 отсто од обработените гласови, ЦИК соопшти дека најголем број гласови освоила коалицијата ГЕРБ-СДС која добила поддршка од 26,7 отсто од гласовите. Оваа коалиција ја предводи поранешниот премиер на државата Бојко Борисов.

Реформистичкиот блок составен од партиите Продолжи со промените, а Демократска Бугарија е втора со 24,7 отсто од гласовите. Исто така, она што треба да се истакне е фактот дека екстремно десничарската партија Вазраздана моментално е на третата позиција по број на гласови, а според податоците на ЦИК ја уживаат поддршката од 14,6 отсто од населението.

По овие партии следат Движењето за права и слободи со 12,7 отсто од гласовите, Социјалистичката партија на Бугарија со девет отсто од гласовите, додека партијата на бугарската ТВ ѕвезда Слави Трифонов (Има Таков Народ) освоила 4,3 отсто од гласовите.

За актуелните изборни резултати се огласи и претседателот на десничарската партија Вазраздана Костадин Костадинов кој рече дека без нив не може да се формира влада.

„Нема начин да се има влада без нашата партија. Ако првите две партии формираат влада, таа нема да биде стабилна. Подготвени сме да одиме на нови избори доколку нема договор за формирање влада“, рече Костадинов.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе