Пијан муштерија и воспитна
Откако нема да успее да го изеде најлутиот хотдог на време и со тоа да освои гратис маичка, пијан муштерија решава да ги плукне остатоците назад на скарата. Но, добива инстант казна.
Инаку, баткава е славен по неговиот домашно направен хотдог како најлутиот на светот, но исто така е познат по „краткиот фитиљ” со пијани муштерии. Некогаш, намерно прави шоу со нив и тоа им се допаѓа на муштериите, но некогаш како во случајов, жичките му се спојуваат вистински.